Реклама

Ланските матуранти бараат да не полагаат државна матура

1400 ученици што во минатите години не положиле државна матура бараат да не полагаат исто како овогодинашните матуранти.  Бидејќи собирањето во поголеми групи,поради здравствените мерки, е забрането тие денес од Штип преку свои претставници побараа Министерството за образование на оние кои за полагање се пријавиле до декември,  да им дозволи да се запишат на факултет со положена училишна матура. Обвинија дека Министерството ги дискриминира во однос на сегашната генерација, бидејќи овие ученици со  Владина уредба годинава беа ослободени од полагање на испитот.

Zito akcija 640x289px

“Ние бараме статус ист како и на овогодинешните матуранти, бидејќи матурантите не се поразлични од нас. И тие губат три месеци од нивното образование. Со ова се прави неправда кон нас, па се надеваме дека министерот ќе има и слух за нас. Вели Кирил Ѓеорѓиев.

Agria

Засега Министерството за образование останува на ставот  дека нема дискриминација и ослободувањето ќе важи само за оваа генерација поради предизвиците со кои се соочуваат учениците предизвикани од пандемијата со корона вирусот, скратувањето на училишната година, нецелосно реализирање на наставната програма и учењето на далечина, а учениците претходните години, кои до крајот на декември ја пријавиле државната матура, школската матура или завршниот испит, ќе ги полагаат вообичааено.

„Ова не е случај со учениците од претходните учебни години, бидејќи тие не се соочуваа со ваков тип предизвици – далечинско учење, скратена наставна материја и слично, односно воспитно-образовниот процес за нив се реализира во вообичаени услови“ – велат од Министерството за образование и наука.

Аргумент плус на Министерството за образование е тоа што полагањето за завршените средношколци од минатите години поради бројот мноу полесно може да се организира наспроти 13.200 матуранти од годинава. Засега јавно не соопштен  точниот датум кога би се полагала државната матура ниту начинот  на кој ќе се реализира полагањето.