Реклама

Словенија прогласи крај на епидемијата

Словенија е првата европска држава која стави крај на епидемијата на коронавирусот, објави синоќа владата на телефонска седница. Ова доаѓа откако Националниот институт за јавно здравје донесе заклучоци дека ширењето на вирусот е ставен под контрола, при што во изминатите 14 дена биле регистрирани само 35 нови случаи на зараза од коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Словенските власти прогласија епидемија на 12 март, а во меѓувреме имаше 1.464 заразени и 103 починати од коронавирусот.

Agria

Владата на Словенија, се изјасни дека е против продолжувањето на повеќето рестриктивни мерки до крајот на јуни. Базените, ноќните клубови, и теретани остануваат под клуч, а непознато е и кога ќе се отворат големите хотели. Државјаните на Европската Унија веќе нема да одат во карантин при влегувањето во Словенија.