Реклама

Возете внимателно, има магла на повеќе патни правци

Magla na avtopat

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод, а магла со видливост до 100 метри има на делницата Хиподром-Петровец и по Повардаријето, извести АМСМ.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира: