115 години од раѓањето на Кочо Рацин

На 22 декември пред 115 години е роден Коста Солев Рацин , авторот на стихозбирката „Бели мугри“ поради која се смета за основоположникот на современата македонска литература . Кочо Рацин е роден во Велес , 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Поради сиромаштија го прекинал школувањето во II клас нижа гимназија и му се посветил на татковиот, грнчарскиот занает. Но, секој слободен момент го користел за читање, повлекувајќи се на таванот и учејќи на свеќа. Ги читал делата на најистакнатите марксисти, социолози, писатели и мислители.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Псевдонимот Рацин го зел по неговата љубов Рахилка Фирфова Раца на која и ги посветил стиховите од „Антологија на болката“. Меѓу двете светски војни станал член на Комунистичката партија на Југославија. Во 1939 година, во Самобор, до Загреб, била отпечатена на македонски јазик стихозбирката „Бели мугри“. Книгата била забранета, но сепак брзо се раширила меѓу македонското население.

Во 1941 година Рацин работел во Софија, но по смртта на Коле Неделковски, бил гонет од софиската полиција, па избегал во Скопје. Тука работел во Народната библиотека, а живеел илегално. Малку подоцна се вклучил во партизанските одреди. Го издавал весникот „Илинденски пат“. Загинал на 13.6.1943 година, на планината Лопушник.

Можеби ќе ве интересира: