Драма во Велес: Татко му се заканувал на синот дека ќе го убие него и неговото семејство

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривичното дело – загрозување на сигурноста.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Станува збор зa татко кој ја загрозил сигурноста на сопствениот син со тоа што му се заканувал дека ќе го убие него и целото негово семејство.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството. Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот. Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома“, соопшти Обвинителството.

Осомничениот е во 8 дневен притвор. 

Можеби ќе ве интересира: