Реклама

Поскапуваат горивата

benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика, на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53% во однос на одлуката од 22.12.2023 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 42,075 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира: