Реклама

Еден починат и двајца заразени велешани регистрирани во последните 24 часа

Infektivna klinika Skopje naslovna

Велешанец на 72-годишна возраст кој починал пред два дена е меѓу денешните двајца жртви на коронавирусот, кои ги регистрира Институтот за јавно здравје. Тој починал во Градската болница „8 Септември“, а бил хоспитализиран од 15 април.

Zito akcija 640x289px

Втората жртва на Ковид-19 е пациент од Скопје на 89-годишна возраст, кој починал на Клиниката за инфективни болести, а кој бил на болничко лекување од 4 мај.

Agria

Институтот за јавно здравје денеска потврди и за два нови случаи на заразени велешани со коронавирус. Тие се дел од 17-те новоинфицирани, откриени во последните 24 часа. Освен двата случаи во Велес, регистрирани се уште шест во Тетово, по три во Скопје и Прилеп, два во Куманово и еден во Битола.

Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдените 17 нови случаи на Ковид – 19 се 3,7 проценти од вкупно тестираните во последното деноноќие.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, од кои еден е во Велес, седум во Скопје, шест во Куманово и двајца во Прилеп.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.