Сојузот на спортови на Велес, го прогласи Виктор Ванчевски, велосипедист од МВК Велес, за спортист на Велес за 2023 година, признанеие кое се доделува по 64 пат. Тој е трет на државно првенство У23 хромометар, второ место државно првенство У23, и моментално првопласиран во лига систем на натпревари на Велосипедска федерација У23.
Содржината продолжува под рекламата
Вицешампионот во одбојкарскиот Куп и одбојкарското првенство, екипата на ГОК Борец Велес е прогласена за најдобра сениорска спортска екипа на Велес за 2023 година. Зад одбојкарите останаа кајакарите на ККК Вардар Велес, и каратистите на КК Гладијатор.
Содржината продолжува под рекламата
За најуспешни спортисти во сениорска категорија (мажи и жени) прогласени се,најуспешни спортисти во младинска категорија (мажи и жени) прогласени фудбалерот на Борец, Јосиф Манасиев, кошаркарот на Борец Баскет, Донче Бојчев, Ели Панова од СК Велес, каратистката на КК Гладијатор, Мартина Арсовска, велосипедистот Кристијан Ванчевски од МВК Велес, Кристијан Стојанов од СК Велес, Ангел Петрушев, кајак слалом ККК Вардар Велес, Ангел Жабев одбојка ГОК Борец Велес и Александар Златаров, кајак спуст ККК Арка Борец Велес.
Признание за најуспешни спортисти во младинска категорија (мажи и жени) добија, Александар Алексов, кајак слалом, Јана Митровска – карате Будо, Трајче Крлев, кошарка Борец Баскет, Александар Атанасов – спортски риболов Кркушка, Давид Димитриевски – голман ФК Борец, Марија Пановска – кајак слалом, Викторија Спасеска – кик бокс, Давид Димов – велосипедизам,, Теодор Алексовски – борење, Благој Гугинов – кајак спуст, Стојанче Димовски – одбојка ГОК Борец, Константин Коцев – БЏЏ Будо Велес, Ана Панова – одбојка Виола Волеј, Марко Поп Тодоров – карате Гладијатор, Викторија Димовска – одбојка ГОК Борец, Кристијан Смилев – кајак слалом, Александар Славков – ракомет и Стефан Рибарски – кајак слалом.
Признанието за тренер во сениорска конкуренција за 2023 ја доби Славче Тренковски од БЏЏ Будо Велес, додека во младинска конкуренција беше прогласен Љубомир Спасиќ од ККК Арка Борец Велес.
Амбасадор на велешкиот спорт е Филип Лепидовски (одбојка), додека за најдобар судија за 2023 е прогласен Петар Новачев.
Посебни признанија за постигнувања во маратонско трчање и помагање на ракометниот спорт добија Трајче Илиевски и Жарко Ѓошевски. За најдобар училишен спорт беа прогласени ООУ Васил Главинов и Гимназија Кочо Рацин.
Постхумно признанија им беа доделени на велешките спортски легенди Игор Ангеловски, Љупчо Гигов, Трајче Црвенпанов кои оставија неизбришливи траги во спортот во Велес.
Можеби ќе ве интересира: