Жителите на тихоокеанскиот остров Киритимати, каде живеат околу 5. 000 луѓе, први во светот ја пречекаа Новата 2024 година со огномет и забави на отворено во јужниот дел на Пацификот.
Содржината продолжува под рекламата
Кирибати е островска држава во централниот дел на Тихиот Океан, а 33-те атоли на Кирибати покриваат повеќе од 1.350.000 квадратни километри во областа околу екваторот и е првиот населен остров каде започнува секоја нова година.
Содржината продолжува под рекламата
Островите Чатам, дел од територијата на Нов Зеланд, ја дочекаа новата година во 11:15 часот по наше време. Околу 700 луѓе живеат на островите, на околу 800 километри источно од јужниот остров на Нов Зеланд.
Можеби ќе ве интересира: