Реклама

Уништени згради и патишта, Јапонија издаде предупредување за цунами

Јапонија издаде предупредување за цунами на 1 јануари по серијата силни земјотреси во Јапонското Море, пренесе агенцијата Асошиејтед прес (АП).

Zito akcija 640x289px

Јапонската метеролошка агенција извести за земјотреси во близина на брегот на префектурата Ишикава и блиските префектури, еден од нив со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала.

Agria

Предупредување за цунами беше издадено за Ишикава и за остатокот од западниот брег на островот Хоншу, јави АП.

Јапонската телевизија НХК(NHK) предупреди дека брановите вода би можеле да достигнат и до пет метри висина и ги повика луѓето да побегнат на високото место, што е можно побрзо.

Според телевизијата НХК, брановите би можеле да продолжат да се враќаат.

И Русија издаде предупредување за цунами во далечните источни градови Владивосток и Находка, јави државната новинска агенција ТАСС.

Делови од рускиот остров се евакуираат поради закана од цунами, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. На жителите во областите долж западниот брег на островот Сахалин, кој се наоѓа во близина на Јапонија на рускиот брег на Тихиот Океан, им било кажано да го напуштат, пренесе ТАСС.

Јапонија е во Пацифичкиот огнен појас, каде што се одвива силна сеизмичка активност, која се протега низ Југоисточна Азија и Пацифичкиот басен.

Североисточниот брег на Јапонија во 2011 година беше погоден од силен земјотрес со јачина од 9,0 степени според Рихтеровата скала, еден од најголемите регистрирани, кој беше проследен со цунами и ја предизвика нуклеарната катастрофа во Фукушима.

Во оштетувањето на нуклеарната централа загинаа повеќе од 18.000 луѓе, а речиси половина милион луѓе во регионот беа раселени. Повеќе од 40.000 луѓе не можаа да се вратат дома ниту една деценија подоцна.

Можеби ќе ве интересира: