Се нормализира железничкиот сообраќај, саниран е столбот што напукна

saniran mostot kaj stobi
saniran mostot kaj stobi

Заврши санацијата на Железничкиот мост на река Црна во близина на археолошкиот локалитет Стоби и од 14 часот попладне повторно ќе биде во функција товарниот  железнички сообраќај Скопје-Гевгелија, што беше во прекин од средината на ноември поради оштетувања на мостот. Воедно  патничкиот кој се одвиваше и за време на санацијата, а беше комбиниран со воз и автобус од попладнево ќе биде само со воз, потврди Зоран Трифуновски, генерален директор на ЖРСМ Инфраструктура.

Zito akcija 640x289px

За санацијата  што се одвиваше во изминатите 35 дена, како што информира Трифуновски, потрошени се 30 милиони денари. 

Agria

 ЖРСМ Инфраструктура работеше на санација на средниот столб и на главните носачи на мостот, а во тек се финалните тестирања пред официјалното пуштање на сообраќајот.

Ставањето во функција на мостот, значи пуштање на товарниот сообраќај на релација Скопје-Гевгелија кон Солунското пристаниште и обратно кон земјите од средна Европа, а се нормализира и патниот сообраќај кој од 14 ноември кога се случи оштетувањето на столбот се одвиваше со воз и автобус и преместување на патниците.

Прекинот на товарниот сообраќај предизвика финансиски штети кои според првичните проценки  изнесува милион евра, но според Трифуновски, точниот износ ќе се знае по завршување на сите анализи.

 Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин од 14 ноември минатата година поради оштетување на столбот. 

 На истиот Железен мост на Црна Река кај Стоби  пред четири години  беше оштетен првиот столб, и во  периодот  од 29 септември 2018 до 8 ноември железничкиот сообраќај беше исто така во прекин.МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт тогаш информираа дека имале загуба од 1,2 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: