Традиционална Бадникова литија во Велес

На Бадник, свештеници од градот Велес денеска  отслужија Света Златоустова Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на која присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Zito akcija 640x289px

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња, а беа поделени и Бадниковите гранчиња. По ова, беше формирана традиционалната Бадникова Литија, на која дечињата громогласно и радосно го најавија Христовото раѓање и пренесоа топла празнична порака, пеејќи ја Бадниковата песна „Вечниот Бог“ низ улиците на градот Велес.

Agria

Бадниковата поворка тргна од храмот „Св. Кирил и Методиј“ низ главната велешка улица „Благој Ѓорев“ свртија кај кружниот тек „Авона“ потоа покрај Детската градинка „Димче Мирчев“ па се до Општина Велес. Таму децата учесници во Бадниковата поворка беа пречекани и дарувани со бадникови пакетчиња и од градоначалникот на Велес, Марко Колев.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: