Пациент прободел медицински работник во болницата 8-септември, од независниот синдикант со остра реакција

osmi 8 septemvri bolnica
osmi 8 septemvri bolnica

Пациент прободел со нож вработен во Градската општа болница „8 Септември“. Инцидентот се случил синоќа, откако еден од вработените во болницата бил нападнат од пациент.

Од МВР велат дека 36 годишниот вработен бил прободен од агресивен пациент кој имал 77 години.

Agria

Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата. Причините за инцидентот засега не се откриени.

Незавизниот синдикат за здравствени работници, остро реагира за настанот во ГОБ „8 Септември“ , односно за нападот со нож врз здравствен работник.

Тие во напис на социјалните мрежи пишуваат дека насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, треба да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми.

„На насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми“, стои во пораката на синдикатот.

Од директорите на ЈЗУ преку физичкото и мониторинг обезбедување, бараат зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции.

Можеби ќе интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
АЕК бара презакажување на реваншот со Алкалоид
Комисијата за надворешна политика го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство
Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години