Во текот на вчерашниот ден по наредба на велешкиот Основен суд, полицијата изврши претрес кај 31-годишен велешанец при што е одземена и пронајдена марихуана.
“На 06.01.2024 година, со наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од
Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес извршиле претрес
во домот на А.Н.(31) од Велес. При претресот била пронајдена и одземена
марихуана“, велат од СВР Велес.
Лицето е повикано во полициска станица, извршен е службен разговор и по
документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Истиот ден, во полицискиот билтен е регистрирана и физичка пресметка. Имено, 45-годишна жена била нападната од друга женска особа.
„На 06.01.2024 година во 13.00 часот А.Е. (45) од Велес пријавила дека претходниот
ден на улицата „Богдан Каракостев“ во Велес, по кратка вербална расправија, била
физички нападната од М.А.. Според пријавеното, причина биле меѓусебни
должничко-доверителски односи.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе интересира: