Реклама

Раст на индексите на светските берзи

Глобалните берзи пораснаа минатата недела, враќајќи ги загубите од претходната недела, бидејќи инвеститорите се надеваат дека централните банки наскоро ќе почнат да ги намалуваат каматните стапки.

Zito akcija 640x289px

На Волстрит, Dow Jones минатата недела зајакна 0,3 отсто, на 37.592 поени, додека S&P 500 порасна за 1,8 отсто, на 4.783 поени, а индексот Nasdaq порасна за 3,1 отсто, на 14.972 поени.

Agria

Движењата на индексите на најголемата светска берза долго време зависат од шпекулациите за тоа кога американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки. На крајот на минатата година, цените на акциите силно се зголемија бидејќи инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката од страна на ФЕД оваа година, почнувајќи од март.

На почетокот на оваа година ваквите шпекулациите стивнаа. Кон средината на минатата недела беше објавено дека потрошувачките цени во декември во САД се зголемени за 0,3 отсто на месечно ниво, додека зајакнале за 3,4 отсто на годишно ниво.

Тоа е повисока стапка на инфлација од очекуваното, бидејќи аналитичарите процениле дека цените ќе пораснат за 0,2 отсто на месечно ниво и 3,2 отсто на годишно ниво. Како резултат на тоа, оптимизмот за намалувањето на стапката на ФЕД избледе.

Во петокот беше објавено дека во декември продажните цени на месечно ниво неочекувано паднале за 0,1 отсто, додека на годишно ниво пораснале за 1 отсто. Тоа ги обнови шпекулациите дека ФЕД ќе започне со намалување на каматните стапки веќе во март, иако претставниците на ФЕД велат дека се уште е рано за намалувања бидејќи инфлацијата и понатаму е висока.

„Пазарот се обидува да процени што може да очекува 2024 година во однос на каматните стапки и корпоративната заработка, и дали тоа би можело да го оправда силно зголемување на цените на акциите во ноември и декември“, рече Сем Стовал, стратег во CFRA Research.

Кон крајот на неделата започна сезоната на објавување на квартални деловни резултати на компаниите, што значително ќе влијае на насоката на пазарот во следните недели. И на повеќето европски берзи цените на акциите пораснаа минатата недела. За волја на вистината, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,8 отсто, на 7.624 поени, но франкфуртски DAX порасна за 0,7 отсто, на 16.704 поени, а париски CAC 0,6 отсто, на 7.465 поени.

Поддршка за пазарот даде изјавата на претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, дека најлошото од инфлацијата веројатно помина и дека каматните стапки ќе се намалат доколку инфлацијата падне на ниво од 2 отсто.

Можеби ќе ве интересира: