Реклама

(ФОТО) Алпинисти ги отстранија опасните карпи на „Цуцка“

Алпинисти ангажирани во санирањето на свлечиштето „Цуцка“, на јужниот влез на Велес ги отсранија опасните парчиња од карпите надвиснати над патот. Според планот за реконструкција, следува анкерисување, армирање и торкретирање (бетонирање) со специјален бетон под притисок, асфалтирање и монтирање на заштитна ограда по европски стандарди.

Zito akcija 640x289px

Изведувач на работите е битолската фирма „Стентот градба“, а целата санација чини нешто над еден милион евра, кои ги обезбеди Јавното претпријатие за државни патишта. Сообраќајот на оваа делница е затворен речиси три месеци, кога градежните работи почнаа.

Agria

Големиот одрон на „Цуцка“ се случи во март 2018 година. Тогаш, за малку беше избегната голема трагедија, кога неколку секунди пред одронот, на оваа делница поминаа автобус и неколку автомобили.