Реклама

Православните верници го слават Богојавление – Водици

vodici krst

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век.

Zito akcija 640x289px

На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Agria

Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Богојавление-Водици се одбележува и во другите епархии на МПЦ-ОА, како и во помесните православни цркви низ светот кои се водат според Јулијанскиот календар.

На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година.

Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Можеби ќе ве интересира: