Реклама

Граѓаните земале 25,5 милиони евра кредити од банките за еден месец, компаниите во ноември „апстинирале“ од кредити

veles dron Januari 2024

Банките во земјава во ноември лани одобриле вкупни кредити во износ од околу 1,3 милијарди денари (20,8 милиони евра), при што најголем дел завршиле кај домаќинствата, односно компаниите останале без поголема кредитна поддршка. Дури има и намалување на вкупната изложеност на банките кај корпоративниот сектор за 252 милиони денари (околу 4 милиони евра) поради намалениот обем на кредити во странска валута, пренесува порталот банкарство.мк

Zito akcija 640x289px

Ова го покажуваат последните статистички податоци објавени од Народната банка во сегментот на монетарните движења во ноември 2023 година. Според Централната банка, вкупните кредити во ноември споредено со октомври се зголемени за 0,3%, во целост како резултат на поголемото кредитирање на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 5,2%, којшто се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, но повторно со поголем придонес на „домаќинствата“.

Agria

Кредитите на домаќинствата, во ноември, се зголемени за 0,7% на месечна основа, при што кредитирањето во денари е поизразено. За еден месец банките им одобриле на граѓаните нови 1,6 милијарди денари (25,5 милиони евра) како кредити. На годишна основа, овие кредити забележаа раст од 6,5%, во поголем дел поради зголеменото кредитирање во странска валута, при раст и на кредитите во денари.

Народната банка пресмета дека месечниот пад во кредитирањето на корпоративниот сектор изнесува 0,1%, којшто произлегува од намаленото кредитирање во странска валута, во услови на раст на кредитите во денари. На годишна основа е остварен раст од 3,8%, исто така, како резултат на зголеменото кредитирање во денари.

Гледано на вкупна основа, кредитирањето на компаниите е намалено за 252 милиони денари (4,1 милион евра) како резултат на падот кај кредитите во странска валута. Додека кај денарските кредити има месечен раст од 813 милиони денари (13,2 милиони евра).

Граѓаните најмногу се задолжиле кај банките со потрошувачте и станбени кредити, кои бележат месечно зголемување од 0,7% и 1,0%, соодветно, и годишен раст од 6,1% и 10,3%, соодветно. Кај автомобилските кредити е остварен месечен раст од 1,7% и годишен од 8,3%. Но, паѓа изложеноста на банките кон граѓаните по основ на кредитни картички, каде е забележан месечен пад од 0,3% и годишен пад од дури 3,8%. Негативните салда на тековните сметки, односно дозволениот минус на плата на месечна основа се намалени за 0,7%, а на годишна основа бележат раст од 4,8%. Кредитите одобрени по други основи во номеври лани се намалени за 2,3% месечно и за 17,8% годишно.

Ако се гледа структурата на кредитните пласмани на банките на генерално ниво, ќе се забележи дека вкупната изложеност на банките кон домаќинствата е поголема отколку кон компаниите. Заклучно со ноември 2023 година, кредитната изложеност на домашните банки кон домаќинствата изнесува 228,17 милијарди денари (3,7 милијарди евра), а кон корпоративниот сектор 208,2 милијарди евра (3,4 милијарди евра).

Граѓаните во ноември лани биле расположени не само за задолжување, туку и за штедење во банките. Според Народната банка, за еден месец граѓаните депонирале во банките нови 1,2 милијарди денари (околу 20,2 милиони евра) и тоа сите во депозити во денари и на долг рок со цел да добијат највисоки можни каматни стапки. И компаниите имале вишок ликвидни средства, од кои 3,2 милијарди денари (51,3 милиони евра) завршиле како депозити кај банките. И компаниите се одлучиле за штедење во денари, но на краток рок.

Извор на веста: bankarstvo.mk

Можеби ќе ве интересира: