Реклама

Меџити: Новиот директор на болницата ќе биде од внатре од болницата

veleska bolnica

Новиот директор на велешката болница ќе биде од внатре од болницата. Ова денеска во изјава го кажа Министерот за здравство Фатмир Меџити кој беше во посета на хирушкото одделение. Новиот директор ќе биде назначен откако Ристе Богоевски повеќе не е директор.

Zito akcija 640x289px

„Многу брзо ќе биде назначен, мислам дека до крај на неделата ќе има нов директор и тој ќе биде од внатре од болницата, лекар за директор кој ќе ја врши и меџира институцијата“, рече Меџити

Agria

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата.

„Денеска сме во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од 4 милиони денари. Овој апарат, кој веќе е поставен во операционата сала, е потребен за подобро функционирање на одделот за анестезија“, рече Меџити.

„Исто така, набавивме и нов респиратор со средства од Министерството во износ од три и пол милиони денари.

Како никогаш досега вложуваме во набавка на нова медицинска опрема. Двојно го зголемивме буџетот за оваа намена од 2,6 на 5 милиони евра и во повеќе од 15 здравствени установи обезбедивме нова и современа опрема.

За една година, направивме сериозно зајакнување на јавното здравство со нова апаратура, реконструкции и лекови. И во следниот период продолжуваме да правиме позитивни промени во еден од најважните столбови, а тоа е здравствениот сектор“, изјави Меџити.

Можеби ќе ве интересира: