Реклама

Вкупно 39 години затвор за инволвираните во несреќата кај Ласкарци

laskarci avtobuska nesrekja

Вкупно 39 години затвор добија осудените шестмина за автобуската несреќа која пред речиси пет години се случи кај гостиварското Ласкарци, а во која загинаа 16 луѓе и над 30 беа повредени.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје денеска го прогласи за виновен обвинетиот Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“ и му изрече казна затвор од четири години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари казна затвор од шест години, а на тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, кои се товарат за соучество во истото дело, им изрече затворска казна од по пет години.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најголема казна затвор од 14 години доби возачот на автобусот, Маноил Трифуновски. Судот им одреди и споредна казна на сите обвинети, а тоа е забрана за вршење на должност во времетраење на пет години. Во годините затвор ќе им се пресмета и притворот кој досега го поминале во исчекување на пресудите.

Обвинителството побара мерка притвор за обвинетите до правосилност на пресудата, додека одбраната, бараше поблаги мерки, поради тоа што дел од осудените веќе се под мерки за претпазливост.

Можеби ќе ве интересира: