Реклама

Комисијата за заразни болести предлага прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје

skopje so dron

Комисијата за заразни болести денеска имаше редовен состанок на кој, како што соопшти Петличковски, било дискутирано за постојната состојба со вирусните инфекции, акутни-респираторни и состојбата со големата кашлица.

Zito akcija 640x289px

„Последните бројки се 18 потврдени случаи со голема кашлица. Имајќи предвид дека овој број расте, особено на територијата на Град Скопје, каде што се потврдени 14 случаи, одлучивме да предложиме прогласување епидемија за град Скопје. Ова звучи страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста голема кашлица. Очекуваме да излезе упатство за постапување во услови на епидемија од Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини. Нивото на вакцинирани за пертусис не е на задоволнително ниво“, изјави Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Agria

Тој ги повика сите кои ја пропуштиле вакцинацијата со редовниот календар да се вакцинираат. Предлагаат да се организира работата на пунктовите во две смени и дополнително да се примаат деца за вакцинација и во сабота.

„Препорачуваме забрана за прием на невакцинирани деца за пертусис во градинки. Очекуваме овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација. Фокусот е заштита на најмалите. Оваа болест е најтешка за најмалите. Вакцинацијата по редовниот календар почнува во вториот месец. Дури една доза значително ги заштитува вакцинираните од сериозен тек на болеста“, додаде тој.

Во однос на училиштата, тој посочи дека во моментов немаат решение со оглед дека образованието е задолжително.

Оваа препорака не се однесува на училиштата, туку само на градинките, кажа Петличковски.

Заразноста на оваа болест трае 5-6 дена, инкубацискиот период може да се движи од 7 до 21 ден, а потврдените случаи по започнување на антибиотска терапија да останат во изолација, пет дена.

„Имаме доста тестови на располагање, матичните лекари и специјалистите ќе добијат упатства од СЗО за упатување за тестирање на сомнителните случаи“, изјави Петличковски.

Од искуството со епидемијата на морбили Комисијата се одлучува на овие опции, затоа што, како што велат, имало ефект.

Ова се препораките до министерот за здравство и Петличковски очекува брзо да стапат на сила.

Можеби ќе ве интересира: