Реклама

Нил Ворнок: Му реков на Миовски дека во Премиер лигата не сум видел играч како него

Нил Ворнок (76), синоќа дебитираше на клупата на Абердин. На дебито загуби на „Ајброкс“ во Глазгов од Ренџерс со 2:1. Единствениот гол за Абердин го постигна Бојан Миовски.

Zito akcija 640x289px

Бојан Миовски игра во фанатстична форма, досега има постигнато 13 голови во Премиер лигата на Шкотска, седум од нив на последните осум натпревари.

Agria

По натпреварот Ворнок на прес конференцијата не ги штедеше комплиментите за играта на Миовски.

„Му реков дека во Премиер лигата не сум видел играч како него. Драго мие што не беше продаден во зимскиот преоден рок. Сигурен сум дека сезонава ќе постигне 30 голови. Абердин ќе заработи многу кога ќе реши да го продаде.“

Можеби ќе ве интересира: