Секторот за внатрешни работи Велес доби нов началник

SVR Veles tabla
SVR Veles tabla

Нов началник на СВР Велес од денеска е 37-годишниот Бране Паласков. Тој на оваа позиција е назначен со решение на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Паласков доаѓа од позицијата Виш инспектор – главен дежурен во центар за известување и командување при СВР Велес.

Zito akcija 640x289px

Паласков во своето 10-годишно искуство како полициски службеник има работено како помлад инспектор во отсек за општ криминал во СВР Велес, Виш инспектор во отсек на општ криминал во СВР Велес, Виш инспектор во надворешна канцеларија за криминaлистички работи во Свети Николе, како и Виш инспектор – главен дежурен во центар за известување и командување при СВР Велес.

Agria

Тој е дипломиран економист, оженет и татко на три малолетни деца.

Паласков ќе раководи со целото подрачје на СВР Велес. Тука спаѓаат општините Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Градско и Чашка

Местото началник на СВР Велес до овој момент ја вршеше Ристе Самараџиев.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: