Реклама

Четири случаи на голема кашлица

ministerstvo za zdravstvo

Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска потврди дека се подготвуваат документите, со кои ја прифаќаат препораката на Комисијата за заразни болести за прогласување епидемија на голема кашлица на територија на Скопје. Во изминатите денови бројот на нови случаи расте, само во последното денонќие четворица новозаразени, со што, бројот е зголемен на 22 од почетокот на годината.

Zito akcija 640x289px

Комисијата за заразни болести вчера одлучи да препорача прогласување на епидемија на голема кашлица на територија на градот Скопје. Според д-р Александар Петличковски, претседател на КЗБ, прогласување на епидемија не звучи страшно, но реално треба да олесни во справување со ризикот кој доаѓа. Петличковски вели дека клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини. Треба да се поправи тоа што е промашено, додаде тој.

Agria

Во меѓувреме, денеска се регистрирани 4 нови случаи на магарешка кашлица, што го прави тоталниот биланс 22 случаи. Од нив 16 се во Скопје. Според препораките на Комисијата за заразни болести градинките нема да примаат деца кои имаат пропуштени дози од ДиТеПер вакцината до нивното целосно вакцинирање. Магарешка кашлица е заболување кое трае 100 дена а причинителот е бактерија. Тие што се потврдени позитивни, треба да останат дома 5 дена откако ќе почнат да примаат антибиотик.

Можеби ќе ве интересира: