Министерството за култура ги објави резултатите од конкурсите за финансирање на програмите од национален интерес за оваа 2024- година. Еве што доби културата во градот.
Содржината продолжува под рекламата
Велешкиот театар ќе биде финансиран за две претстави: „Остап Бендер“ (работен наслов) – автор Александар Секулов, режија Диана Добрева, со 1,200,000 денари, и „Рацин“ – поетска трагедија, автор Кочо Рацин, режија Дејан Пројковски со 1,010,000 денари. Интернационалнот фестивал на античка драма „СТОБИ“ ќе биде поддржан со 600 илјади денари.
Содржината продолжува под рекламата
Велешкиот Народен Музеј доби средства за четири проекти. Геоскенирање на археолошкиот локалитет Кале село Отвица доби 126,500 денари, изработка на конзерваториски проект на Нумизматичката збирка на ЛУ Народен музеј Велес 161,600, конверзација на предмети од керамика од античката збирка на ЛУ Народен музеј Велес“ 126,000 и изложба на фотографии од дела на Крсте Зограф од Велес 84,000 денари.
Локалната библиотека исто така доби четири проекти во вкупна вредност од 95 илјади денари. Ансамбалот „Керамичар“ за одбележување на 70 години од постоењето доби 180 илјади денари. Општина Велес за организација на 19 Интернационален фолклорен фестивал доби 296,400 денари, додека за организација на 61 Рацинови средби, Здружение на граѓани ПЛУС ПУБЛИКА Велес доби само 83 291 денар.
Министертвото за култура одвои 1,200,000.00 денари за заштита, конзервација, реставрација и санација на куќата на Апасиеви и 567 илјади денари за визуелен перформанс и музичка терапија на Споменкостурницата во Велес.