По долга и исцрпна дебата во Собранието, парламентарното владеачко мнозинство со 62 гласа „за“, доцна синоќа пред полноќ изгласа разрешување на двајцата министри од Алијансата за Албанците, односно Фатмир Меџити за здравство и Азир Алиу за информатичко општество и администрација.
Меџити и Алиу се дел од крилото на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Нивното разрешување го побараа органите на партијата каде мнозинство има поранешниот лидер Зијадин Села. Предлог за нивно разрешување дојде од премиерот на техничката влада Талат Џафери.
Опозицијата не учествуваше во гласањето. Од говорницата пратеникот Бране Петрушевски порача дека ќе ги остават „ДУИ и измеќарите од СДСМ сами да си ракоплескаат на разрешувањето на министрите“.
Џафери за нови министри ги предложи Илир Демири во здравство и Наим Бајрами за информатичко општество. Гласањето за нивен избор е во понеделник на следната собраниска седница.
Можеби ќе ве интересира: