Во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес, денес се одржа книжевен портрет на македонскиот поет, Ѓорѓи Дебарлиев.
Содржината продолжува под рекламата
Со прекрасната изведба на „Ај што убаво одат ле мамо“ на хорот на Здружението на пензионери, Велес, ги разбранува емоциите кај авторот, кој гордо се декларира како велешанец.
Содржината продолжува под рекламата
Авторот Ѓорѓи Дебарлиев е роден во1952 година во Велес, во маалото “Мегдан”, каде што го поминал неговото убаво детство. Тој истакна дека тоа што оваа средба со неговата поезија се остварува овде, во неговиот роден град, во Велес, за него има посебно значење. Автор е на три стихозбирки: „Обични работи и пороен дожд“, „Надеж“ и „Кладенци на неспокојот“.
Промоторот Атанас Крлевски истакна дека дека поезијата на Дебарлиев е необична, со концизни и збиени стихови, кои навидум ја кријат лиричноста иако изобилуваат со многу поетски изразни средства. Тој истакна и дека неговата поезија се одликува со афористичност, иронија и хумор, елементи на сатирата.
Правилно одбрани зборови, групирани во стихови, а потоа и во строфи ја искажуваат душата на поетот. Преку стиховите поетите ја разголуваат својата внатрешност. Ако внатрешноста на човекот е полна со љубов, надеж, љубов кон секој, надеж за подобро утре,за подобар свет, тогаш и поезијата ќе изобилува со љубов. Токму таква е поезијата од нашиот автор, истакна промоторката Соња Карбева.
Пред присутните стихови од стихозбирките читаа ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес.
Можеби ќе ве интересира: