Од полноќ нови цени на горивата

benzin-gorivo
benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 15.2.2024 година.

Zito akcija 640x289px

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,406 %, кај дизелот 3,411 %, кај екстра-лесното масло 2,757 % и кај „мазутот“ зголемувањето е 2,692 %.

Agria

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок з0,118 %.

Од 17.2.2024 година. од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 83,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 85,50 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 79,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,50 (денари/литар)

„Мазут М-1 НС“ – 40,732 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 2,00 денара/л.

Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V), екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: