Екипата на Борец во вториот контролен меч на домашен терен денеска успеа да го победи скопскиот тим Иленден со 1:0. Стрелец на голот за велешани беше Јосиф Манасиев.
Содржината продолжува под рекламата
За разлика од првиот натпревар против Победа, велешани денес одиграа на посакуваното ниво, во висок ритам, но во мрежата на противникот постигнаа само еден гол. Од друга страна гости под водство на поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Никола Илиевски – Џиџи, освен борбеноста не покажа друго.
Содржината продолжува под рекламата
И Борец и Илинден се подготвуваат за продолжување на првенството во Третата фудбалска лига Југ односно Север, кое продолжува на 10 март. Борец ќе го започне со гостување кај последнопласираниот тим, Бучин.
Можеби ќе ве интересира: