Футсал прволигашите земаат залет и на програмата во овој викенд им се натпреварите од 11 првенствено коло. Велешкиот тим Кеги Моби одново ќе биде домаќин, овој пат на екипата на КМФ Карадаку. која се наоѓа на деветата позиција на табелата со освоени пет бода.
Содржината продолжува под рекламата
„Противник кој е по мерка за нас за нови три бода и избегнување на опасната зоно. Се надеваме дека ќе останат бодовите во Велес и Кеги Моби ќе се врати на победите собирање бодови и во погодниот дел од табелата“, изјави Иван Костов од Кеги Моби.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот ќе се одигра денес во салата „Гемиџии“ со почеток од 17 часот.
Можеби ќе ве интересира: