Член на обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., рано изутрината нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија, а веднаш по нападот бил лишен од слобода. Како што објави „360 степени“ , повикувајќи се на непотврдени информации, полицијата, во потрага по дрога, сакала да изврши претрес во познат скопски локал, но Ивица Б., кој бил внатре во објектот, се обидел да ја спречи акцијата, по што бил уапсен.
За настанот, на социјалните мрежи се огласи и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бомјацалиев, напиша дека македонската историја не памети ваков случај на поранешен полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на службена дејност, и побара максимално професионално да се расветли овој случај.
„Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално.
Македонската историја не памети ваков случај на поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на својата службена должност. Ова е преседан во полициското работење, повикувам максимално професионално да се расветли овој случај во интерес на граѓаните и државата“ пишува Бојмацалиев.
Од полицијата повеќе детали најавуваат во текот на денот.
Извор на веста: 360 степени.
Можеби ќе ве интересира: