Реклама

Грција ги отвори и училиштата

Со препораки да ја одржуваат својата оддалеченост и надвор и внатре во училниците, учениците од средните училишта во Грција се вратија во своите училишта.

Zito akcija 640x289px

Иако носењето маска не е задолжително , дел од учениците се појавија со маска на училиште.

Agria

Исто така, соодветно подготвени се и наставниците кои внимаваат да се одржува оддалеченоста и во училницата и кога учениците ќе влезат во училиштата.

Сепак, покрај безбедносните мерки, учениците ќе треба да се навикнат и на камерата што ќе биде дел од училниците од денес, бидејќи ќе има пренос во живо на часовите.

Наставната година ќе заврши на 12 јуни. Дотогаш ќе важат препораките од владата, односно 15 ученици (максимум) по час, посебни паузи, нема игри со топки и затворени кантини.