Фудбалерите на Борец продолжија да се подготвуваат за пролетната сезона од Третата фудбалска лига и да се воигрува за наредните предизвици.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани одиграа силен контролен натпревар против третолигашот Еуромилк од Скопје и го добија со резултат 3:2. Двапати стрелаше Јосиф Манасиев, а еден погодок постигна Пеце Стојанов.
Содржината продолжува под рекламата
Борец на овој натпревар покажа допадлива игра против осетно засилениот тим на Еуромилк, создавајќи многу шанси за гол. Радува и се подобрата реализација на напаѓачите на Борец. Следен предизвик пред почетокот на првенството е контролен натпревар против Вардарски во сабота.
Можеби ќе ве интересира: