Реклама

Од полноќ намалување на цените на горивата

benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на одлуката од 23.2.2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,442 ден/кг и сега ќе изнесува 43,343 ден/кг.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новите цени на нафтените деривати ќе изнесуваат ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар), ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар), Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар), и Мазут М-1 НС 43,343 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира: