Експозитура на банка во населба Илинден претпладнево била на удар на вооружени разбојници, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР). Според првичните информации, одземена е поголема сума на пари.
„Денеска (28.02.2024) во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во нас.Илинден – Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари“, соопштија од МВР.
Идентитетот на напаѓачот е непознат и, според очевидци, со пленот по стореното дело избегал во непознат правец.
Можеби ќе ве интересира: