Реклама

Повторно поскапување на горивото

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,56% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 11.05.2020 година.

Zito akcija 640x289px
goriva-1

Ова значи дека од утре (19 Мај, 2020 година) цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 54,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98: 57,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 47,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 35,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 19,498 (денари/килограм)

Agria

Како причина за зголемувањето на малопрадажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на дериватите во изминатите седум дена и тоа за околу 5,64 отсто кај бензинот и за 10,84 отсто кај дизелот, како и за 0,099 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.