Кошаркарите на Борец Баскет го забележаа 10 пораз во Втората кошаркарска лига, на гостувањето во Прилеп кај екипата на Мега Баскет со резултат 78:67.
Содржината продолжува под рекламата
Прилепчани водеа во текот на целиот натпревар, но велешани ги следеа во чекор, па дури направија и мал пресврт во еден дел од натпреварот, сепак победникот се одлучи во последниот период кој домашниот состав го доби 23:18.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасни кај Борец Баскет на овој натпревар беа Петровски со 19 поени, додека по 10 поени постигнаа Карталовиќ и Бојчев. Борец Баскет во следното коло е слободен, поради исклучувањето од натпреварувањето на Куманово.
Можеби ќе ве интересира: