Реклама

Бисинов Фруитленд тргна со победа во прволигашкиот плеј-оф

Ракометарите на Бисинов Фруитленд со победа го започнаа настапот во прволигашкиот плеј-оф, во кој ќе атакуваат на пласман на првите две позиции. Велешани на гостувањето во Скопје кај Шампион со одличната игра во текот целиот натпревар дојде до триумф од 26:29.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Домашниот состав имаше водство само во првите 5 минути. Од тој момент гостите од Велес со два брзи погодоци го презедоа водството кое го имаа се до крајот на натпреварот. Во 50 минута велешани имаа највисоки плус седум18:25, но потоа следуваше опуштање во играта .

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше искусниот Ивица Илиев со седум гола, а уште шест додаде Никола Димитров. Во следното коло Бисинов Фруитленд го чека незгодно гостување во Радовиш.

Можеби ќе ве интересира: