Реклама

Потврдени седум кандидати за претседателското место

Izbori-glasa-e

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска – Давкова ја добија партиската и граѓанската поддршка и со тоа и официјално стануваат кандидати за претседател на престојните избори напролет. Со нив листата со кандидати сега брои седум сигурни.

Zito akcija 640x289px

Во петокот, градоначалникот на Карпош и лидер на партијата „ГРОМ“, Стевчо Јакимовски како и професорката Билјана Ванковска зад која застана партијата „Левица“ соопштија дека ги собраа неопходните 10 илјади гласови за да влезат во трката за избор на претседател на државата.

Agria

Бујар Османи од ДУИ беше првиот кандидат кој успеа да ги собере потписите, а во средата тоа го сторија и Максим Димитриевски лидерот на „ЗНАМ“ и Арбен Таравари кандидат на коалицијата „Вреди“ кои успеаја да ја исполнат законската квота потписи. Тие преку социјалните мрежи соопштија дека потписите се собрани и им се заблагодарија на граѓаните за поддршка, а тоа го потврди и ДИК.

Рокот за собирање на потписи истекува на осми март, а според официјалните податоци на Државната изборна комисија уште пет лица кои ја најавија својата кандидатура сè уште се во потрага по потписи на граѓаните. Станува збор за Вело Марковски, Мерсиха Смаиловиќ, Господин Поповски, Зорица Цветкоска и Ѓорги Манасков.

Можеби ќе ве интересира: