Двајцата 19-годишни граѓани на Штип кои лани бегајќи од полицијата во центарот на велес со возило полно со мигранти, нападнаа полициски службеници, се осудени на три месеци затвор условно доколку во следната една година сторат било какво кривично дело.
Амер Ибраимов и Тамер Јусеинов на 29 октомври лани во 20.30 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, бегајќи со пикап во кои имало 23 мигранти од нив 10 деца, пред полицијата упаднаа во канал во кој се изведувале градежни работи.
Кога полицаецот ја отворил вратата, заради лишување на слобода на лицата, обвинетиот Ибраимов со нога го удрил по рака, и при обидот да ја затвори врата од неа го удрил повторно полицаецот.
Друг полицаец се обидел да ја отвори возачката врата за да го лиши од слобода возачот Усеинов, но при тоа со врата му ја фанал раката и го повредил.
Со стореното двете момчиња сториле кривично дело „Спречување на службено лице во службено дејствие“.
За кривичното дело „криумчарење на мигранти“ на обвинетите им се суди во Основен суд Скопје.
Можеби ќе ве интересира: