Реклама

Бугарското МНР го повика македонскиот амбасадор: „Политичари даваат лажни изјави за Бугарија“

sofija, bugarija

Бугарското МНР објави дека го повикало вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во Софија во врска со, како што велат, недамнешните јавни коментари на политичари од соседната држава и од нив распространетите неточни тврдења во однос на Република Бугарија.

Zito akcija 640x289px

Од Министерството нагласуваат дека категорично се противат на обидот Бугарија и билатералните односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во  Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања.

Agria


„Бугарија постојано одржува конструктивен тон и се воздржува од коментирање на постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија. Тоа го прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес за да може да се спроведат потребните реформи. За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не се разбрани и ценети од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како изговор за недостигот на напредок пред своите граѓани“, велат од бугарското МНР.

Ги повикуваат македонските политичари да ја покажат потребната политичка зрелост, да дадат конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во 2022 година и строго да го почитуваат договорот за добрососедство од 2017 година.

„Тоа е единствената можност да се постигне вистински напредок во процесот на европска интеграција на земјата за доброто на нејзините граѓани“, велат од бугарското МНР.

На соопштението претходеше тоа што бугарското ВМРО порача да биде повикан македонскиот амбасадор поради изјавите на актуелниот претседател, Стево Пендаровски, поради, како што велат, „говор на омраза кон бугарската држава“.

Пендаровски деновиве во два наврата, укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, изјави дека ако успеат да ги натераат Бугарите да го променат својот Устав и ако успеат Македонците кои се таму во огромен број да бидат признаени како национално малцинство, тој ќе биде првиот што ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ. Како што рече, станува збор за детски муабет. Понатаму, Пендаровски укажа и на состојбата дека договорот со Бугарија не беше спорен цели три години, а стана проблематичен кога Софија под својата стара комунистичка националистичка гарда почна да измислува причини за блокада, кои во самиот договор ги нема.

Бугарскиот новинар познат и како поранешен соработник на комунистичката служба за безбедност, Велизар Енчев, во фејсбук-статус го обвини македонскиот претседател Стево Пендаровски дека ѝ објавил војна на Бугарија коментирајќи ја состојбата со македонското малцинство во државата.

Можеби ќе ве интересира: