Раководството на ФФМ одржа консултативен состанок со претставниците на клубовите од Прва МФЛ

ffm-sostanok

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија на еден од терените од тренинг центарот „Петар Милошевски“ одржа состанок со раководните луѓе на десетте клубови од Прва македонска фудбалска лига.

Zito akcija 640x289px

Претставниците на Вардар, Силекс, Шкендија, Ренова, Македонија Ѓ.П., Шкупи, Академија Пандев, Работнички, Борец и Струга Трим Љум беа присутни на состанокот со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски, заменик генералниот секретар, Дрилон Ганиу и претседателот на натпреварувачката комисија, Игор Франговски.

Agria

Состанокот имаше консултативен карактер во однос на начинот и предлозите за завршување на прекинатата натпреварувачка 2019/2020 сезона од Прва МФЛ. 

Конечна одлука за натпреварувачката сезона, ФФМ заедно со клубовите ќе донесе на нов состанок во најскоро можно време откако ќе ги добие препораките и мерките од протоколот за одржување тренинзи и одигрување натпревари од координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на ширење на коронавирусот .

На денешната средба претставниците на прволигашите се согласија дека поради органичената временска рамка нема услови да се одиграат сите преостанати натпревари до крајот од тековната сезона (13. натпреварувачки кола и полуфинале и финале од Купот на Македонија). По добивањето на протоколот за заштита од коронавирусот федерацијата и клубовите ќе излезат со заеднички став околу евентуалното продолжување на првенството во скратен формат или целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020.

Фудбалската федерација на Македонија, веќе е во процес на изготвување на протокол за одржување на тренинзи и одигрување на натпревари во услови на коронавирусот и истиот ќе го презентира пред надлежните здравствени институции. 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: