Ракометарите на Бисинов Фруитленд, во натпревар кој требаше да биде дерби на колото во Првата ракометна лига, го декласираше по трет пат сезонава тимот на Радовиш со резултат 40 :26.
Содржината продолжува под рекламата
До осмата минута се игарше гол за гол, но потоа почна рапсодијата на велешани. До крајот на првиот дел Бисинов Фруитленд имаше предност од плус осум, 17:9. Во вториот дел иста слика на теренот, па велешани од минута во минута само ја зголемуваа предноста за конечни 40:26.
Содржината продолжува под рекламата
Најдобар стрелец кај велешани беше Ивица Илиев со 10 постигнати погодоци, а седум постигна Табаков Илија. Бисинов Фруитленд останува единствениот тим без пораз во Првата ракометна лига. Во следното кол на домашен терен го пречекуваат составот на Македонија Ѓорче Петров.
Можеби ќе ве интересира: