Реклама

Борец го совлада „фенерџијата“ и се врати на врвот на табелата

Фудбалерите на Борец рутински го совладаа „фенерџијата“ на табелата екипата на Бучин, со резултат 3:0, и се врати на врвот на табелата по поразот на Големо Коњари на гостувањето во Росоман.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Резултатот го отвори Јосиф Манасиев во 14 минута, а со два брзи гола на засилувањето Пеце Стојанов во 55 минута и Стојанче Костадинов во 57, само ги потврдија трите бода на контото.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По 12 одиграни кола Борец сега е лидер на табелата со 26 бода, еден повеќе од Големо Коњари и три бода пред Превалец. Во следното коло во Велес гостува екипата на Слога од Лажани.

Можеби ќе ве интересира: