Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во Австрија, каде ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Северна Македонија и Србија, соопшти Стет департментот.
Освен во Австрија, Ескобар оди и во Белгија, Косово и Црна Гора од 10 до 18 март.
„Неговата посета ќе ја потврди посветеноста на САД кон земјите од Западен Балкан додека тие се стремат кон евроатлантска интеграција и подлабока регионална соработка“, се вели во соопштението од Стејт департментот.
За време на посетата на Белгија, Ескобар ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) Мирослав Лајчак и други претставници на ЕУ и НАТО, за да разговараат за напорите за унапредување на реформите кои ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет во регионот на Западен Балкан.
Во Косово, пак, тој ќе се сретне со косовските владини лидери, граѓанското општество и заедниците на косовските Срби за да ја нагласи континуираната силна поддршка на САД за дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, олеснет од ЕУ, кажа Стејт департментот.
Првиот круг на претседателски избори во Северна Македонија ќе се одржи на 24 април, а вториот круг заедно со парламентарните избори ќе биде на 8 мај.
Можеби ќе ве интересира: