На првиот натпревар од пролетниот дел кој го одиграа фудбалерите на Превалец, неочекувано загубија на домашен терен од екипата на Питу Гули од Крушево со резултат 1:3, полувреме 0:1.
Содржината продолжува под рекламата
Клучно за натпреварот беше паѓање на концентрацијата кај домаќините во финишот на прво полувреме и крајот на второ полувреме. Гостите поведоа во судиското надополнување од првиот дел преку Соте Андреевски. Превалец преку Иван Давитков израмни во 71 минута.
Содржината продолжува под рекламата
И кога сите очекуваа крај на натпреварот, гостите со головите на Самир Мемедовски и Беким Алимовски во втората и четвртата минута од дополнителни 90 минути го однесе цел плен од Велес.
По одиграни 13 кола, Превалец е на делбата на третата позиција со Росоман со 23 освоени бода. Во следното коло Превалец гостува во Марена.
Можеби ќе ве интересира: