Реклама

Еден оздравен и четири нови случаи во последните 24 часа во Велес

korona-virus-1

Четири нови случаи и еден оздравен од Ковид 19 во Велес е билансот за последното деноноќие . Со тоа вкупната бројка на заразени достигна 125, од кои 53 се уште се активни.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти во: Скопје-16, Куманово-10, Прилеп-6, Тетово-15, Велес-1, Крива Паланка-1 и Валандово-1

Agria

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78 г.) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77 г.), на болничко лекување од 14 мај. 

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.