Театарскиот фестивал “5РЕ“ започнува со премиера на „Вечера за глупаци” на велешкиот театар

Vecera za glupaci teatar

Свеченото отворање на третото издание на Театарскиот фестивал “5РЕ“ ќе започне со премиерата на маестралната комедија „Вечера за глупаци” на Театар Џинот Велес во режија на Ненад Витанов.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Вечера на глупаци“ е приказна која го коментира високото француско општество кое презаситено од сè што може да си пружи, креира ситуации во кои ќе може да им се исмева на послабите и понеуспешните од нив. Имено, темата која се обработува е смислата на она што го чини човекот среќен и перспективата од која тоа се доживува.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во претставата учествуваат актерите Фаик Мефаилоски, Благочје Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Кире Ацевски, Сандра Танчева и Јордан Витанов. Комедијата е работена според текст на Францис Вебер, сценографијата ја потпишува Филип Коруновски, костимите Раде Василев додека музичкиот избор е на Ненад Витанов.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: