Реклама

За петмина велешани обвинителството бара по 800 евра казна

Veles 05.04.2020

Петмина велешани ќе треба да платат по 800 евра казна за непочитување на полицискиот час, доколку велешкиот суд ги прифати предлозите за издавање казнени налози кои денеска ги поднесе обвинителството. Тие се обвинети дека го прекршиле кривичниот законик и сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Zito akcija 640x289px

„Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, биле затекнати како се движат на различни локации во часовите кога тоа е забрането. Јавното обвинителство предложи на обвинетите да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност“, соопштија од Основното јавно обвинителство во Велес.

Agria

Инаку, во изминатото деноноќие во Велес полицијата не регистрирала прекршување на полицискиот час. СВР Велес соопшти дека во Кавадарци се приведени двајца граѓани кои не ја почитувале забраната за движење.