Поранешниот министер за здравство Филипче со поддршка за студентите: Тие го бараат само она што го заслужуваат

filipce venko
filipce venko

„Клучно за развојот на сите млади лекари е да им пренесуваме знаење. Но, тоа не е доволно. Потребно е тие да бидат соодветно платени за својот труд. Од нивната работа зависи и здравјето на граѓаите денес и во иднина. Тие го бараат само она што го заслужуваат“, вели поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Zito akcija 640x289px

„Ги поддржувам барањата на приватните специјализанти за покачување на примањата, согласност растот на платите. Обезбедувањето на плата на приватните специјализанти за прв пат во историјата беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласнот со растот на платите на лекарите“, напиша Филипче.

Agria

Според него клучно за развојот на сите млади лекари е да им се пренесува знаење.

На 27 март е најавен протест на младите лекари и приватните специјализанти под мотото „Достоинство за младите лекари“.

Причините за протестот се, како што велат нивните плати, кои не се опфатени со ниту едно покачување во здравството и изнесуваат 26 илјади денари. Како што велат, останале и без здравствено осигурување, кое им било укинато.

Околу 200 лекари специјализанти од Медицинскиот факултет се собраа претходно пред Министерството за здравство на мирен протест во знак на револт кон игнорантскиот однос кон Петицијата преку која си ги бараат своите права.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: